Вести Македонија Топ вести

Пендаровски вели дека никогаш не бил против зајакнување на економските процеси, но во иницијативата „Отворен Балкан“ нема половина од државите

Претседателот Пендаровски никогаш не бил против зајакнување на економските процеси, олеснување на царинските процедури, слободниот проток на луѓе и капитал меѓу земјите на западен Балкан. Но, тоа што половина од државите во регионот не се дел од иницијативата „Отворен Балкан“ објективно го лимитира нејзиниот потенцијал, се вели во реакцијата испратена од претседателскиот кабинет.

 

Од таму велат дека Претседателот Пендаровски никогаш нема дадено изјава или донесено акт или одлука со која би бил против пријателството на народите во регионот и против нивната ЕУ перспектива. За жал, многу други политичари во регионот делуваат во спротивна насока.

Заев: Јас сум изненаден што Пендаровски ги промени своите ставови за иницијативата „Отворен Балкан“

Во соопштението од кабинетот на Пендаровски велат дека ставот на претседателот  во однос на иницијативата „Отворен Балкан“ е конзистентен од самиот почеток, а претседателот тоа му го има и лично пренесено на премиерот Зоран Заев по првичниот состанок во Нови Сад кога е промовирана иницијативата.

На оваа тема, во Кабинетот на претседателот Пендаровски како точка на дневен ред се разговараше и на првата лидерска средба во присуство на опозициските партии во 2019 година. Едногласен заклучок во однос на иницијативата „Отворен Балкан“, усогласен меѓу сите политички субјекти на таа лидерска средба беше дека нашата држава нема алтернатива на патот кон полноправно членство во ЕУ и дека доколку иницијативата „Отворен Балкан“ има таков карактер, таа не е прифатлива за ниту еден политички субјект во Република Северна Македонија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје бара реакција од Општина Кисела Вода и МЖСПП

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Собраниската Комисија за избори и именувања е реликт од комунизмот, во неа седат најпартиските луѓе и чудно се договараат

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе