Најголем дел од Mакедонците одморот ќе го поминат во домашните туристички капацитети кои уште од сега се преполни. Но, оние похрабрите кои одлучиле по секоја цена да одат на море – и немаат некој голем избор. Или Албанија најчесто во сопствена режија, или со чартер лет за Турција Но, откако Србите веќе тргнаа, расте бројот и на Македонци кои се заинтересирани летниот одмор да го поминат во Египет. Туристичките агенции се надеваат дека од август ќе нема пречки за овие аранжмани.
Има голем интерес за Египет, за Хургада. Има некои најави дека можат да се пуштат летови, зошто за таму не се потребни ПЦР тестови и можеме слободно да патуваме таму. Се надеваме дека и тоа ќе биде дел од понудата за македонските туристи од првата половина на август. Ги разгледуваме сите можности да се активира Египет зошто е атрактивен за туристите, го бараат, сеебара сега и затоа што може да се патува, вели Сирачевски
Албанија и Турција се најчестиот избор. Но и таму интересот е далеку послаб од тоа што било претходно.
Главно луѓето патуваат или во Албанија или туристичките аранжмани што се нудат за Турција. Интересот е многу паднат за разлика од претходните години, што е поради стравот од вирусот, што е порадинамалената потрошувачка моќ. Луѓето се економски многу ослабени и не можат да си дозволат одмори како другите години.
За Турција е многу малку и неколку агенции има кои што го нудат. До сега имаше само еден чартер лет, за разлика од други години кога имало и два чартери дневно, до сега имавме само еде чартер неделно за Турција. За Албанија гледаме дека луѓето главно си одат и во сопствена режија. Така што агенциите кои нудат аранжамни кои се со аутгоинг туризам се во една страшна позиција. Приходите им се намалени за 100 проценти и многу е мал бројот на аранжманите кои се продаваат, вели Граматиков.
Интерес за Грција, Хрватска и Бугарија, оние кои вообичаено биле најчестите дестинации за одмор, годинава воопшто нема, поради рестрикциите со Корона вирусот.Бугарија денеска соопшти дека ќе ги отвора границите за Македонците, но само со негативен ПСР тест, не постар од 72 часа.
Александра Филиповска