Вести Ковид19 Свет

По 9 месеци, Мелбурн е подготвен да излезе од најдолгиот светски „локдаун“

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгиот локдаун поради Коивд- 19 во светот, во време кога случаите се движат близу до рекордно ниво, а пабовите, рестораните и кафулињата брзаат да ги наполнат резервите пред да ги отворат вратите.

Од почетокот на август, жителите во вториот по големина град во Австралија беа во карантин  – нивни шести по ред за време на пандемијата – за да го ублажат ширењето на Делта варијантата на вирусот.

Властите ветија дека ќе ги укинат рестрикциите откако вакцинацијата со двојна доза за лица над 16 години надмина 70% во државата Викторија, во која што Мелбурн е главен град.

Премиерот Скот Морисон потврди дека државата ја достигнала таа цел, при што повеќе ограничувања ќе бидат олеснети.

„Најдолгиот пат е изоден во Викторија и тој долг пат навистина почнува да се отвора вечерва“, изјави Морисон во телевизиско интервју.

Пабовите и кафулињата може да имаат 20 целосно вакцинирани гости во затворени простории и 50 на отворено, додека пак фризерите можат да дозволат влез само за пет лица. Маските и понатаму ќе бидат задолжителни и во затворени простории и на отворено.

Мелбурн скоро девет месеци е под строги рестрикции што претставува најдолг локдаун од почетокот на пандемијата во светот.

Додека бизнисите се подготвуваат да ги пречекаат клиентите, дневните инфекции се зголемија на 2.232 во Викторија што претставува втор највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата.

Во Австралија досега има регистрирано само околу 152.000 случаи и 1.590 смртни случаи, далеку пониски од многу други земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе