Свет Топ вести

Италија ги отвори ноќните клубови, но работниците протестираа против новите мерки

Две години откако пандемијата на Ковид-19 во првите месеци ја пустошеше Италија, владата дозволи отварање на ноќните клубови, благодарение на високиот процент на вакцинирани и малиот број на нови случаи.

По речиси две години во кои бевме затворени, ова е вистински момент за луѓето кои сакаат да танцуваат, шетаат и да се забавуваат. Ова ни е прво излегување по речиси две години и можеме повторно да живееме. Навистина е добро, изјави Кристијана, посетителка на ноќен клуб во Рим.

Иако во текот на летото минатата година Италија ги олабави рестриктивните мерки, ноќните клубови останаа затворени, за разлика од рестораните, кината и театрите. Дозвола за работа имаа само клубовите кои имаа простор на отворено, но само како коктел барови.

Конечно си го вративме животот. Конечно! Сите имаме дозволи. Да се надеваме дека сите ќе се вакцинираат за да се вратиме во нормала, изјави Мафи Фиа, чекајќи во редот пред ноќен клуб во Рим.

Италија беше првата европска земја во која Ковид-19 ги преплави болниците и мртовечниците. Во пикот на епидемијата беа забележани повеќе од 40.000 новозаболени дневно, а бројот на починати достигна до 1.000. До сега во Италија вирусот го прележаа повеќе од 4 милиони и 700 илјади, додека починаа 131.500 лица.

Денеска Италија има висока стапка на вакцинација од 70 проценти од целокупната популација. Стравувајќи од повторување на пролетта и есента од 2020 година, владата ги воведе едни од најстрогите услови и мерки за вакцинација во Европа. Во земјата вчера се одржаа масовни протести по последната одлука на владата, според која сите вработени, во приватниот и јавниот сектор мораат да бидат вакцинирани, или ќе мораат да платат казна од 1.500 евра, додека казни исто така се предвидени и за компаниите чии вработени нема да бидат вакцинирани.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе