Свет Топ вести

Oбвинителство бара укинување на имунитетот на Себастијан Курц

Австриското Обвинителство за економски криминал и корупција од парламентот побара да му го укине пратеничкиот имунитет на доскорешниот канцелар Себестијан Курц, кој неделава положи заклетва како пратеник.

Обвинителството упатило барање за укинување на пратеничкиот имунитет за да може да продолжи со истрагата против него по обвинувањата за проневера и поткуп.

Од пратеничкиот клуб на Нардоната партија (ОВП), чиј нов шеф е Курц, порачаа дека не само што ќе го поддржат ваквото барање, туку дека се радуваат што тоа е испратено толку брзо, во оваа фаза од истрагата.

Со тоа ќе се овозможи брзо да се отфрлат сите обвинувања против Курц, се наведува во соопштението на пратеничкиот клуб на ОВП.

Одобрението за продолжување на истрагата веројатно ќе биде дадено на една од следните пленарни седници на парламентот, бидејќи Курц во времето за кое е обвинет за кривичните дела не беше пратеник, и тие дела не се поврзани со неговото делување како пратеник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе