Белград да си ги смени очилата и да не да ја гледа ситуацијата шовинистички, изјави косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска Економскиот самит во Скопје, ја коментираше вчерашната ескалација на судирот меѓу Србите од Косовска Митровица и косовската полиција. Курти рече дека српските и албанските криминалци соработуваат совршено на територија на Косово, а полицијата мора да се бори против овие групи и ситуацијата не смее да се политизира. Но, токму високите функционери во Белград најмногу се вознемириле од акцијата, бидејќи според Курти корупцијата кај нив е на високо ниво.
Тие имаат погрешни очила кога ја гледаат реалноста. Ако ја гледаат реалноста без шовинистичко-националистички очила ќе можат да ја видат вистината. А тоа е дека новата демократска влада на Косово се бори против корупцијата без компромисно. Според межународните организации за жал Србија стои високо кога се зборува за корупција и организиран криминал и мислам дека нашата борба против криминалот и корупцијата на Косово веројатно загрижи некои луѓе во Белград, но тоа не е мој проблем, изјави косовскиот премиер Курти.
Судијата на претходната постапка и обвинителот што ја нареди акцијата беа Срби. Многу полицајци беа Срби. Некои од повредените полицајци беа Албанци, некои Срби. Затоа е погрешно да се национализира целата постапка, повтори Курти, кој негира дека Косово е извор на нови немири што би можеле да се прелеат и во регионот.
Косово не е извор на дестабилизација. Како и да делува нашата полиција, има безбедност и сигурност. Повеќе од 13.400 привремени регистарски таблички на српски возила беа ставени на нашиот граничен премин, се случија нула инциденти за 13 дена. Каде што е нашата полиција, нема инциденти, но некои нелегални структури во Србија финансирани од нивната влада се обидуваат да го дестабилизираат Косово за да покажат дека Косово не е функционална држава, изјави Курти.
Ноќта на Косово помина мирно, утринава се уште се гледаат трагите од вчерашните судири. Улиците се со остатоци од патрони од испуканите куршуми и шок бомби. Повредени беа десетици цивили, а ранетиот Србин кој беше операриран е надвор од животна опасност. Уапсени се осум лица, за десетина се распишани потерници, меѓу нив и двајца срби. Белград вчера побара помош од Брисел да реагира и да го смири како што рекоа лудилото на Курти. Претседателот Вучиќ на косовските Срби им порача дека ќе го чуваат мирот, но ако се продолжи со пукање кон Србите, тогаш Белград нема да има избор.
За ЕУ потезите на приштина се еднострани и неусогласени со српската страна, и затоа се неприфатливи. Единствен начин за намалување на тензијата е дијалогот, а едностраните акции само долеваат масло во огнот.
Алиса Шутиноска
