Свет Топ вести

Гутереш: „Морално безобразие“ е нееднаквата распределба на вакцините

Поради пандемијата со коронавирусот 100 милиони луѓе во светот живеат во сиромаштија, а повеќе од четири милијарди се со мала или никаква социјална поддршка или здравствена заштита, соопти денеска шефот на ОН, Антонио Гутереш. Тој нееднаквоста во процентот на вакцинирани во светот ја нарече „морално безобразие“ кое го осудува светот на милиони нови смртни случаи. Гутереш истакна дека најавите дека светот се наоѓа во фаза на економско опоравување ја маскираат огромната разлика меѓу богатите и најнеразвиените земји.

  • Вакциналната нееднаквост предизвикува морален бес којшто го осудива светот на уште милиони смртни случаи и го продолжува економското забавување што може да чини билиони долари, што најмногу ќе ги погоди најсиромашните земји. Потребен ни е храбар, колективен напор за да се стави крај на пандемијата и да се испорача одржливо и инклузивно глобално закрепнување, рече Антонио Гутереш, генерален секретар на Обединетите нации.

Во истовреме, резултатите од најновата француска студија покажуваат дека вакцините против ковид-19 го намалуваат ризикот од хоспитализација и смрт за 90 проценти кај луѓето постари од 50 години и се чини дека се ефикасни против делта-сојот на вирусот. Истражувањето е направено со споредба на податоци од 11 милиони вакцинирани и невакцинирани лица постари од 50 години и се однесува само на вакцините „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Астра Зенека’.

Првиот човек на Модерна најавува зголемување на производството од милијарда на три милијарди дози во 2022 година. Спротивно од досегашните критики дека немаат доволно капаците за производство на потребните количини на вакцини, тој вели дека во соработка со Фајзер во наредните шест до девет месеци, и кај најсиромашните ќе стигнат вакцините.

  • Значи, 500 милиони дози веќе се посветени за земјите со ниски приходи, покрај тоа ќе истакнам, повторно недоволно познато, дека многу дози, луѓето проценуваат дека можеби дури една четвртина веќе е донирана на земјите со ниски приходи, па работевме со владите, посебно со владата на САД, за тоа да биде овозможено во рамките на програмата за снабдување на луѓето со неопходните залихи, вели Нубар Афејан, председател на Модерна.

Модерна им овозможи на другите фармацевски компании да ја користат нивната технологија, бидејќи како што вели Афејан, отуѓувањето на мРНК технологијата која е интелектуална сопственост е направено од морални причини со цел справување со пандемијата.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе