Вести Македонија Топ вести

Зољи и ракетни фрлачи украдени од Еурокомпозит, дознава Телма. Работниците се сомневаат дека кражбата ја врши некој од фабриката

Според информациите до кои дојде Телма, при кражбата во Еурокомпозит во Прилеп се украдени и боеви ракетни фрлачи.

Станува збор за четири боеви рачни ракетни фрлачи „ПОС 120мм“ без муниција, еден школски рачен ракетен фрлач од истиот тип „ПОС 120мм“, една школска „зоља“ и 4 кабли во должина од 40 метри. Украденото оружје претходно се извезувало по нарачка во Србија.

Слични информации спомнаа и работниците на Еурокомпозит кои по кражбата даваа изјави за медиумите пред фабриката која повеќе од две години не функционира. Тие наведоа дека украденото оружје се користи за уништување на оклопни возила.

  • Ние се сомневаме дека раководството на фабриката ги прави овие кражби. Затоа што обични граѓани ниту знаат каде се магацините ниту како да стигнат до нив. Се работи за зграда во која е влезено на први и на трети спрат, токму таму каде што е оружјето. Во фабриката се уште има оружје и муниција, има репроматеријали, има огромни штети направено, изјави Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

Пред кражбата никој не ја чувал фабриката која е празна и е во државна сопственост, но откако дел од арсеналот е ограбен во периодот меѓу 3-ти и 5-ти октомври сега таму е поставена полициска заштита.

Работниците на Еурокомпозит неколкупати штрајкуваа барајќи исплата на заостанати плати и придонеси.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на вештачки уринарен сфинктер

Дејан Дејан

„Си-Ен-Ен“: Главната борба не се води на истокот на Украина, туку околу Трамп

Дејан Дејан

Либералот Тшасковски и десничарот Навроцки во тесна трка во вториот круг – претседателски избори во Полска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе