Свет Топ вести

Во Германија почнуваат преговори за „семафор коалиција“

Почнуваат преговорите за формирање „семафор коалиција“, соопшти кандидатот за канцелар на Социјалдемократската партија на Германија (СДП) Олаф Шолц.

СДП денеска ќе почне разговори со Зелените и Партијата на слободата (ФДП), со која може да формира мнозинска влада.

Граѓаните и дадоа налог на СДП да формира влада, а наше е да го реализираме тоа, Тоа е она за кое ќе разговараме, рече Шолц. Тој додаде дека новата влада мора да спроведе економска и индустриска модернизација и посилно да се бори против климатските промени.

Разговорите ќе се одржат денеска од 11 до 17 часот на саемот во Берлин, соопшти СДП. Доколку трите партии постигнат договор, Германија по 16-годишното владеење на Ангела Меркел повторно ќе добие влада предводена од социјалдемократите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе