Свет Топ вести

Грузиската владејачка партија, Грузиски сон, победик на локалните избори

Грузиската владејачка партија, Грузиски сон, победи на локалните избори што се одржаа вчера во земјата. Според изборната комисија од преброени 38 пороценти од гласовите партијата освоила 48 проценти.

Обединетото национално движење на Саакашвили, главната опозициска партија, досега освои 31,23 проценти од гласовите. Поранешниот претседател Михаил Саакашвили, вчера беше уапсен веднаш по неговото враќање во државата. Партијата За Грузија на поранешниот премиер Георги Гакари освои 6,87 проценти.

Грузија има околу 3,5 милиони регистрирани гласачи кои вчера гласаа на 3.700 избирачки места.

На власт од 2012 година е партијата Грузиски сон, основана од најбогатиот човен во Грузија, Биџина Иванишвили, кој е обвинуван за замолчување на опозицијата и новинарите.

Лидерот на опозицијата, Ника Мелија ја обвини власта за иборен фасификат и побара предвремени парламентарни избори.

  • Прво, сигурен сум дека победата на опозицијата, особено во Тбилиси, ќе го отвори патот за предвремените парламентарни избори во Грузија. Тоа е прашање на време. Тоа е прашање на време. Дефинитивно, ќе одиме на избори, ќе имаме предвремени парламентарни избори во Грузија и преку оваа победа поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили ќе биде ослободен од затвор, Ника Мелија, претседател на Обединето национално движење.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе