Во последниве два дена, 25ученици се заразиле со Ковид, што значи минимален пад во однос на почетокот на работната недела. А, процентот на инфицирани ученици од почетокот на школската година е ист и изнесува 0, 2%. Тоа значи продолжување на наставата со физичко присуство во сите училишта.
Доколку комисијата за заразни болести, заради различни аспекти или заради националната состојба со пандемијата предложи друг систем, ние сме спремни истиот да го примениме. Но посочувам дека е многу значајно училиштата да се затворат последни, а први да се отворат. Ова не е паушална изјава што ја посочувам , туку став на меѓународните организации, изјави Мила Царовска- министерка за образование и наука
Во врска со забешеката на Народниот правобранител дека протоколите за настава помалку се почитувале во училиштата во руралните средини, во однос на градовите, Царовска рече дека здравствениот инспекторат утврдил непочитување само во една општина.
Досега се посетени 60% од училиштата од страна на Санитарниот инспекторат. И имаме минимални прекорачувања на почитувањето на протоколите во една општина.
Царовска не сакаше да каже за која општина се работи, за да не предизвика, како што рече, дискриминација. А, од ДСЗИ ни рекоа да им упатиме прашање на писмено и дека ќе добиеме одговор во понеделник.
За да се заштити здравјето на учениците, во повеќето основни училишта во Карпош се отворени еко- училници, за следење настава на отворено, додека е убаво времето.
Сотир Трајков
