Венко Филипче ќе ја чека одлуката на Премиерот Заев за понудената оставката. Модуларната болница во Тетово била пуштена од надлежните откако биле проверени сите инсталации, струјата, канализацијата, а персоналот се однесувал согласно дадените упатства.
ВМРО ДПМНЕ бара од Филипче повеќе да не го менаџира здравството и веднаш да ја напушти функцијата.Оставката секогаш била и ќе биде чин на одговорност.
Од ДУИ велат дека странската експертиза ќе биде пресудна дали ќе се прифатат оставките на минисерот и заменик министерот.
До министерството за здравство се уште не се депонирани оставките кои го поднесоа двајцата директори од тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми.
Јулијана Пешевска
