Македонија Топ вести

Маричиќ тврди дека Рашковски смее да излегува од притворот, Рускоска го бара телефонот со кој е снимен

Со одобрение од суд, Рашковски може да оди на лекар како и сите притвореници, тврди министерот за правда. Но, не одговори дали притоа треба да го придружува полиција.

Откако беше објавена фотографија на која се гледа екс-генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, кој е во домашен притвор,  како се движи по улица, обвинителката Вилма Русковска  се јавила во порталот и побарала лицето кое го снимило, да го донесе телефонот на вештачење, но никој не се појавил. Додека тоа не се направи, вели Русковска, Обвинителството не може да реагира, затоа што судот нема да верува на збор дека Рашковски е излезен по времето за кое му е одобрен излезот. Од телефонот може да се утврди дали ја прекршил дозволата од судот.

Од МВР деновиве информираа дека на Рашковски му е дозволено да излегува од дома поради здравствени потреби иако е во домашен притвор. Ова право му го дозволил судија од Кривичен суд. И министерот за правда вели дека статусот на сите лица лишени од слобода се регулира меѓу судот и Управата за санкции. За затворените лица, пак, проценки и мислења даваат директорите на затворите, а судот одлучува. Така, според Маричиќ, било и со Зоран Милески-Кичеец, кој неодамна учествуваше во сообраќајка, во време кога имал излез од отвореното затворско одделение. По ова е вратен во затворот, а според зборовите на министерот, му се одземени сите поволности што ги имал претходно. За опозицијата ова не е доволно, бараат одговорност и оставки.

Рашковски наместо во притвор, на прошетки, има ли криминалец другарче на Заев што е во затвор? Ваков третман немаат други притвореници, само притворените луѓе на Заев.Дома, наместо во затвор е и Катица Јанева, а низ државата дивее и осудениот за рекет.На слобода е и шверцерот Боро Марлборо, Ден Дончев кој беше фатен со купишта пари отиде во Австралија, а одговорност нема за ниту еден криминалец, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Над 30 затвореници во моментов имаат статус на лица кои се во полуотворено или отворено одделение и смеат да излегуваат и одат на работа.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе