Вести Македонија Топ вести

Филипче: Вирусот во моментов има широка инфекција- ако треба ќе се носат нови рестриктивни мерки

Додека се чека премиерот Заев да одлучи дали ќе ја прифати оставката, министерот за здравство Венко Филипче денеска се огласи на својата ФБ страница – алармира дека вирусот во моментов има широка инфекција. Најави дека доколку е потребно ќе се носат нови рестриктивни мерки. Утрово имал редовна кординација со директорите на клиниките. Констатирале дека престојниот период може да биде зголемена и потребата од хоспитализации. Вели во ковид центрите има доволно кревети, но ако има потреба ќе се стават на располагање и дополнителни капацитети.

Престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме.- напиша Филипче на ФБ.

И додека трае истрагата за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово во која починаа 14 луѓе, инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се во вонреден надзор на сите модуларни болници кои се изградија во земјава. Налог дала директорката Бухова, иако тоа не го побарал од неа ниту Филипче ниту Обвинителството.

„По трагедијата на 8 септември во Тетово издадов налог за вонреден надзор во сите 16 модуларни болници во државата. Налогот е на моја иницијатива и не е на барање на министерот за здравство или Јавното обвинителство. До овој момент Јавното обвинителство нема побарано никаква асистенција од ДСЗИ. Очекувам вонредниот надзор да заврши до крајот на неделава“

По пожарот во кој целосно изгоре модуалрната ковид болница Тетово, јавноста и експертите алармираа од безбедносни причини да не се примаат пациенти во другите модуларни болници во земјава. Сепак Владата останува на ставот дека тие се безбедни.

По ист принцип, како модуларни објекти, во Скопје се градат 10 амбуланти и поликлиники кои беа руинирани. И покрај информациите дека по пожарот во Тетово е повлечена градежната механизација од терен на првите три во Ѓорче Петров, Ново Лисиче и Бутел, сепак од Министерството за здравство велат дека се оди по  планот. Во тек се консултации и стручни согледувања, пресек по однос на изведените градежни и градежно-занатски работи со стручниот надзор, ангажиран од страна на Министерството, велат од здравство. Потенцираат дека тие треба да бидат готови за два месеци.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе