Вести Македонија Топ вести

Полицијата ги истражува заканите на сведок затоа што јавно проговори дека давал пари за нега

5-ти ден по пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, семејствата, но и јавноста чекаат одговори, што се случило таа вечер, а кои биле причините за пожарот треба да покаже истрагата.

Опожарениот објект се уште го обезбедува полицијата, додека во болницата се чувствува вообичаената раздвиженост. Дел од роднините на пациенти со ковид 19 чекаат пред одделенијата, не сакајќи да зборуваат пред камера, велат дека дошле да им ги донесат потребните работи на најблиските, но само до вратата. Од болницата денес не добивме став во однос на посетите.

Очевидецот Ибин Емшиу, пак, за Дојче Веле, тврди дека за време на пожарот бил со неговиот татко и со неговиот брат, кои починаа и дека добивал закани да не кажува што видел.

Во разговорот, пак, со полициски службеници на СВР Тетово денеска претпладне Емшиу рекол, дека немал директна закана по неговиот живот, туку дека на социјални мрежи наводно прочитал три коментари во врска со дадената изјава – да внимава што изјавува и дека може нешто да му се случи и дека денеска, на стакло од  неговото возило на лист наводно му било напишано “внимавај”, но, не ги сочувал ниту коментарите од социјални мрежи, ниту листот. Тој, исто така, им рекол на полицајците дека нему никој не му барал пари во болницата, туку самоволно им дал на поединци од медицинскиот персонал, за, според него, подобро да се грижеле за неговите најблиски.

По објавеното сведоштво со фејсбук статус се огласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кој бара одговори кој му се заканувал на Емшиу, додека претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, во писмена реакција повикува итно да престанат притисоците, за истражителите да ја завршат својата работа без политичко мешање.

 

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Таткото на Меланија е хоспитализиран во Демир Хисар, се чека судско решение за понатамошниот третман

Igor Trajkov

Дизелот поскапува за 5,5 денари, се зголемува цената и на бензините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе