Доцна јавување на лекар во тешка здравствена состојба, се наведува како причина за зголемениот број смртни случаи од ковид-19 во Струмица.
Минатата недела само во еден еден имаше пет смртни случаи. Директорката на општа болница Струмица вели дека сите имале и сериозни коморбидитети.
Засега пациенти има само на инфективното одделение. Капацитетот на модуларната болница не се користи за хоспитализации бидејќи нема таква потреба.
За една седмица во Струмица се регистрирани 14 починати лица од ковид-19.
Сузана Мицева
