Отворен е предмет во обвинителството за фејсбук статусите на лидерот на Левица – Димитар Апасиев.
Со вакво соопштение излезе обвинителството во кое пишува дека се работи за неколку статуси, а пристигнале известувања и пријави и од Министерството за внатрешни и од Хелсиншкиот комитет заедно со две физички лица.
Основното јавно обвинителство Скопје по оформување на предметот, издаде наредби за електронско документирање на сите спорни статуси од социјалните мрежи кои ги објавил пријавениот, до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи. Воедно, во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител го повика пријавеното лице да даде исказ во обвинителството, вели ОЈО Скопје.
Левица е партијата која за прв пат влегува во собранието па ноќта додека се броеја гласовите.
Апасиев објави статус на фејсбук кој предизвика лавина реакции. МВР веднаш поднело известување до обвинитеслтвото но според сознанијата на Телма, поднесени се и две кривични пријави за негови статуси од претходно.
Според хелсиншкиот комитет се поврзани со новинарката Тања Милевска и активистката Мерсиха Смаиловиќ.
Според хелсиншки се работи за кривично дело предизвикување на национална расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост.
Со фејсбук статусите предизвикал лавина на негативни коментари и објави со навредлива содржаина и говор на омраза, но и нетрпеливост кон припадниците на муслиманската вера во земјава, велат од невладината.
Во телефонски разговор за Телма, Апасиев вели дека за предметот во обвинитлество дознал од медиумите а со задоволство ке оди за да им објасни на колгите дека нема дело.
Инаку Левица е партијата која за прв пат влегува во Собранието. Димитар Апасиев е еден од двајцата нивни пратеници.
Билјана Николовска