Ќе има попис и тој ќе се реализира како што е предвидено со законот, рече денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи ги предлозите на опозицијата за електронско попишување, што се пласираат десетина дена пред стартот на статистичката операција.
Заев посочи дека првата наредна седница на Собранието ќе се одржи кон средината на септември, а пописот, како што нагласи, почнува на 5 септември, алудирајќи на тоа дека нема простор за измени на Законот за попис.
„Дајте малку сериозност. Дваесет години немаме попис. Сега се е подготвен за спроведување на пописот и попис ќе има, како што е предвидено. Пописот ќе почне на 5 септември, а ќе заврши на 30 септември и потоа сите ќе си продолжиме со животите, побогати за многу податоци што се значајни за државата, демографијата, економијата“,
рече Заев.
ВМРО ДПМНЕ, исто како и во април бара пописот да се изведе електронски, а како причини ги наведуваат тоа што нема доволен број пријавени попишувачи, како и епидемиолошката состојба во земјата поради ковид.
