Извршниот одбор на СДСМ доцна синоќа утврди уште неколку нови кандидати за градоначалници, кои, како што се наведува во партиското соопштение, ќе бидат објавени во текот на денешниот ден.
„Извршниот одбор на СДСМ одржа седница на која беа дефинирани уште неколку нови, дополнителни кандидати за градоначалници. Сите утврдени кандидати се дел од најдобрата понуда на СДСМ за локалните избори, а ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден“, додаваат од СДСМ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
