Лице од црната листа, на кое му е забранет влез во Велика Британија, со воен авион полета од Авганистан за Британија, како дел од евакуацијата од Кабул.
Како што пренесе „Скај њуз“, неидентификувано лице летало за Бирмингем во централна Англија, но нема детали за тоа каде е сега таа личност.
Но, британската јавност е се погласна во обвинувањето на владата дека ги евакуира Авганистанците без никаква проверка, и дека не постои „листа за проверка“ на патниците. Министерот за одбрана смирува дека не треба да се вознемирува јавноста толку многу за лицето кое наводно успеало да влезе во авионот за евакуација од Кабул, бидејќи сето тоа е само шпекулација. Не сакаше да објаснува детали, но рече дека сепак постои еден вид поделба на лицата кои се евакуираат од Кабул, а британските војници од таму знаат на кои лица им е потребна „детална проверка, но тоа не значи дека тие се опасни“.