Македонија Топ вести

Секој може да пријави неправилност во избирачкиот список, вели Даштевски од ДИК откако вчера Телма откри и починати гласчи и контроверзни бизнисмени 

Гласачите биле заинтересирани да се проверат во избирачкиот список, за два викенд дена вкупно 821 граѓанин биле во подрчаните единици, а само еден жител на Неготино утврдил дека го нема на списокот за гласање и сега бара да биде запишан. Проверките може да се вршат до 9-ти септември, а тие може да се вршат и преку интернет, ни рече претседателот на ДИК Александар Даштевски кој објаснува дека сите граѓани доколку забележат неправилности може да пријават и да бараат бришење на избирачи од списокот поради неточни податоци.

При интернет проверка на избирачкиот список може да се најдат секакви гласачи, а Телма вчера успеа да најде и починат. Станува збор за актерот Иван Бекјарев, кој цел живот го помина во Србија, но поради македонските корени доби државјанство, лична карта и адреса во стан во трговскиот центар во Капитол во Аеродром. Лани во неомври 75-годишниот Бекјарев почина во Србија, но во македонскиот избирачки список уште е жив. Претседателот на ДИК Даштевски ни рече дека чистење на списокот од починати се прави со користење на судски одлуки, но за луѓе во странство нема таква можност.

Во Капитол, соседи на Бекјарев му се и двајца турски државјани. Тие добија лични карти и гласачко право, но потоа беа уапсени во Мајами во САД за кршење на санкциите кон Иран. Меѓу нив е и Риза Сараф, човек со турско, иранско и македонско државјанство кој во Америка по апсењето почна да соработува со тамошното обвинителство о и да дава изјави со докази за криминал против семејството на Ердоган.

Македонски гласачи се и семејството на Субрата Рој, синот има адреса во скопско Ченто, а сопругата Свапна е заведена како избирач на адреса во Бардовци иако таа куќа одамна е издадена на сосема друго лице.

На избирачкиот список е и избеганиот поранешен премиер Никола Груевски, за кого унгарските медиуми веќе објавија дека го има на избирачкиот список во Будимпешта откако таму доби и азил. Најинтересен е примерот со бегалецот Горан Грујевски кој како началник на 5-тата Управа на УБК си извадил и дополнителен идентитет со име на својот колега Владимир Варелов. Оригиналниот Грујевски го нема на списокот, но неговиот втор идентитет се уште фигурира како гласач во Кисела Вода. Сите овие податоци се доставени од МВР и на списокот се наоѓа секој кој има важечка лична карта,  објаснува Даштевски.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе