Свет Топ вести

Голем шумски пожар во јужниот дел на грчкиот остров Евија

Голем шумски пожар избувна во текот на ноќта на грчкиот остров Евија, а превентивно биле евакуирани две села.

Пожарот е во општина Каристос во југозападниот дел на островот, а градоначалникот Елефтериос Равиолос за државната телевизија „ЕРТ“ рече дека иако утрово ситуацијата е подобрена, сепак постои страв за разгорување поради ветерот што е со јачина од седум до осум Бофора.

Силниот ветер дополнително ја отежнува работата на пожарникарите, а според грчките медиуми, иако рано утрово се интервенираше и од воздух, поради ветерот, хеликоптерите не може да летаат.

Според противпожарната служба на Грција, пожарот го гаснат 46 пожарникари со 20 возила, еден пешадиски тим и пет хеликоптери, од кои еден е за координација.

Прекинат е поморскиот сообраќај меѓу Атина и Евија, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, од Министерството за поморство во состојба на готовност се бродови во случај да е потребна евакуација на жителите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западен Балкан како под вршник, Пиринеите и Англија со најтоплиот јуни досега

Дејан Дејан

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

Дејан Дејан

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе