Вести Македонија Топ вести

На плажа во Албанија се удавија двајца македонски туристи

Двајца повозрасни македонски туристи денеска напладне се удавиле на плажата Спиле, кај албанскиот пристанишен град Драч. Според првичните сознанија причина се големите бранови и срцев удар. Станува збор за двајца Макецонци на возраст од  78 и 79 години. Генералнот секретар на албанската федерација на спасувачи на вода, Гент Ласаку, за „Њуз 24“ изјави дека двајцата туристи се капеле на јавна плажа, и биле дел од туристичка група од Македонија.

На двајцата туристи им беше направена срцева масажа, но не беше можно тие да се вратат во живот. Набљудувачот интервенирал кога најпрво видел едно од телата. Но, кога влегол понатаму во морето, ги видел двете тела. Причината за давењето е срцев застој. И двајцата се мажи. Изразувам сочувство до нивните семејства, рече Ласаку.

Според него, плажата каде што биле немала надљудувачи, туку интервенирал набљудувач од соседната плажа. Срцева масажа правеа лица присутни на плажата, а потоа интервенираше и првата помош. Речиси во исто време на плажа во Велипоја се удавил косовски турист на 59-годишна возраст.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе