Жика Стојановски по петти пат ќе бара поддршка за градоначалник на општина Илинден но овојпат не како кандидат на ВМРО ДПМНЕ туку како независен кандидат. Потписите ги собрал за само неколку часа.Чувствувал морална обврска да се кандидира поради граѓаните и бизнис заедницата кои тоа го барале од него.Убеден е дека ќе може да му се спротистави на Александар Георгиевски кој беше предложен за кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ.
Внатрепартиските калкулации за кандидати за градончалници се уште траат а имињата ќе бидат објавени најдоцна до крајот на неделава. Дилеми има за Аеродром и Карпош каде во опција се неколку имиња. Актуелниот директор на Јавното претпријатие ,, Водовод и канализација,, Душко Весковски очекува поддршка од СДСМ за Карпош.
Иако до стартот на кампањата има неполн месец, партиите почнаа со меѓусебни обвинувања и дискредитации навестувајќи дека спроведувањето на фер и демократски избори ќе биде предизвик за сите учесници.
- Од ВМРО ДПМНЕ очекуваме исто како и досега деструктивна кампања, полна со лажни вести, невистини, во отсуство на политичка понуда за граѓаните, без став,без идеја.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека тие се посветени на проблемите на граѓаните а СДСМ на личните лукративни цели.
- Од СДСМ во кампања не се очекува ништо поинаку од лагите и измамите кон граѓаните, ништо поинаку од мито, криминал и корупција регистрирани од сите институции, ништо поинаку од презентираното насилие.
Партиите кои нема да се однесуваат одговорно ќе бидат казнети согласно одредбите од изборниот законик. Ќе се мониторираат сите собири и јавни настапи а ќе се утврдува и злоупотреба на буџетските средства.
Јулијана Пешевска
