Вести Македонија

Жика Стојановски ќе бара уште еден мандат за Илинден, Весковски очекува одлука за Карпош

Жика Стојановски по петти пат ќе бара поддршка за градоначалник на општина Илинден но овојпат не како кандидат на ВМРО ДПМНЕ туку како независен кандидат.  Потписите ги собрал за само неколку часа.Чувствувал морална обврска да се кандидира поради граѓаните и бизнис заедницата кои тоа го барале од него.Убеден е дека ќе може да му се спротистави на Александар Георгиевски кој беше предложен за кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ.

Внатрепартиските калкулации за кандидати за градончалници се уште траат а имињата ќе бидат објавени најдоцна до крајот на неделава. Дилеми има за Аеродром и Карпош каде во опција се неколку имиња. Актуелниот директор на Јавното претпријатие ,, Водовод и канализација,, Душко Весковски очекува поддршка од СДСМ за Карпош.

Иако до стартот на кампањата има неполн месец, партиите почнаа со меѓусебни обвинувања и дискредитации навестувајќи дека спроведувањето на фер и демократски избори ќе биде предизвик за сите учесници.

  • Од ВМРО ДПМНЕ очекуваме исто како и досега деструктивна кампања, полна со лажни вести, невистини, во отсуство на политичка понуда за граѓаните, без став,без идеја.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека тие се посветени на проблемите на граѓаните а СДСМ на личните лукративни цели.

  • Од СДСМ во кампања не се очекува ништо поинаку од лагите и измамите кон граѓаните, ништо поинаку од мито, криминал и корупција регистрирани од сите институции, ништо поинаку од презентираното насилие.

Партиите кои нема да се однесуваат одговорно ќе бидат казнети согласно одредбите од изборниот законик. Ќе се мониторираат сите собири и јавни настапи а ќе се утврдува и злоупотреба на буџетските средства.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе