Вести Култура Македонија

Охридскиот регион доби уште пет години за исполнување на препораките на УНЕСКО

Охридскиот регион повторно доби шанса да не влезе на Листата на светско наследство во опасност. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи да им даде време на Македонија и Албанија до 2030 година да ги исполнат препораките на реактивните мисии што го посетија Охридскиот регион. Одлуката е донесена на 48. сесија на Комитетот за светско наследство , што се одржува во Бусан- Јужна Кореја. Зад неа застанаа 16 од вкупно 21 земја- членка на Комитетот. УНЕСКО го задржа статусот на регионот како заштитено светско наследство врз основа на потпишаното писмо со обврски и приоритети што ги презеде Владата и Општините Охрид, Струга и Дебрца.

Ќе се работи ангажирано на забелешките на УНЕСКО, но статусот на Охридскиот регион мора да се одржи паралелно со неговиот туристички , економскиот и социјалниот развој, а за тоа има кредибилно разбирање , кажа денеска министерот Муцунски, по веста дека Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, како и лани, не го впиша Охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност и му даде уште 5 години за исполнување на препораките. На прашањето на Телма, дали ќе се уриваат дивоградбите, како една од забелешките на мониторинг мисиите, министерот одговори потврдно.

  • Тоа се прашања кои што се во надлежност, поделена во некоја мера и помеѓу централната власт и помеѓу локалната власт.Ако мене ме прашувате како министер и како член на Владата, и верувам тоа е ставот на сите членови на владата , кога е во прашање дивоградба било каде, не само во Охрид, таа треба фала богу да биде отстранета . Тоа треба да биде направено на соодветен и на законски начин, рече Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и за надворешна трговија.

Одлуката охридскиот регион да не влезе на Листата на светско наследство во опасност не значи дека предизвиците се надминати велат од македонската делегација што престојуваше на 48. сесија на Комитетот за светско наследство, во Бусан.

  • Напротив, таа претставува силна обврска за натамошно интензивирање на активностите за зачувување на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион. Македонија останува целосно посветена на спроведувањето на Планот за управување и Стратешки план за рехабилитација, на зајакнувањето на институционалната координација, на воспоставувањето на тело за управување, како и на понатамошната тесна соработка со Република Албанија во управувањето со ова прекугранично светско наследство, рекоа од македонската делегација .

Нелегалните градби и проблемите со урбанизацијата, со загадувањето и отпадните води, отсуството на Стратешка оценка за животната средина и незакајната прекугранична координација со Албанија, која од 2019 година е вклучена во Охридскиот регион поради нејзиниот дел од езерото , беа нотираните ризици во Нацрт- одлуката на Комитетот за светско наследство, Охридскиот регион да оди на Листата на светско наследство во опасност.

Сотир Трајков

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварчани во нова неизвесност, како да ја одржат хигиената – По хидричната епидемија, можен ризик од жолтица

Дејан Дејан

Што стои зад договорот за унгарскиот кредит за кој новиот премиер Маѓар најави истрага

Дејан Дејан

Водата во Крушево е забранета за пиење, перење или за миење садови – може да се користи само како техничка вода, велат од ИЈЗ

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе