Uncategorized Вести Македонија Најважни

Системот за масовно предупредување за кризни ситуации тестиран од пред една година, и натаму не функционира

Епидемија во Гостивар предизвикана од загадена вода. Силно невреме со урагански ветер кое предизвика големи штети во повеќе градови, а беа повредени 33 лица. Предупредување за зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Валандово. Пожари, кои секое лето зафаќаат различни делови од земјата. Во сите овие ситуации се поставува истото прашање- како граѓаните навреме да бидат предупредени кога постои опасност? Лани Центарот за управување со кризи го тестираше системот за масовно предупредување преку кој известувањата треба директно да пристигнуваат на мобилните телефони на сите граѓани што се наоѓаат во погоденото подрачје.

-Во многу европски земји предупредувањата за пожари, поплави или опасни временски појави пристигнуваат директно на мобилните телефони. Кај нас, и една година по тестирањето на системот, тој се уште не е достапен за граѓаните.  Стенд ап

Од Центарот за управување со кризи велат дека техничките подготовки за воспоставување на системот се завршени, а во моментов се работи на обезбедување финансиски средства за негова целосна имплементација.

„ Центарот за управување со кризи веќе изработи физибилити студија, спроведе неопходни анализи и тестирања и ги дефинираше техничките предуслови. Во моментов, активно работиме на обезбедување финансиски средства за негова целосна имплементација“ вели директорот на ЦУК Мухамет Али. ТЕЛОП

Раното  предупредување деновиве им беше повеќе од потребен на граѓаните, кои за  кризните ситуации тие најчесто се информираат преку медиумите и социјалните мрежи. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека предупредувањата за силното невреме на 21 јули навреме биле доставени до ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување и  другите надлежни институции, како и објавени преку „Метеоаларм“ и на нивната Фејсбук-страница. Според УХМР, понатамошното информирање на јавноста е надлежност на Центарот за управување со кризи.

Соседна Бугарија веќе го користи BG-ALERT. Според бугарските медиуми, неколку часа пред силното невреме на 21 јули, тамошните граѓаните добија предупредувања на мобилните телефони со апел да избегнуваат престој на отворено и да преземат мерки за заштита. Кај нас, останува прашањето,  кога ваков систем ќе им биде достапен и на македонските граѓани

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Околу 16 милиони евра одлетаат од општинските каси, парите им избегаа со истекот на рокот

Дејан Дејан

Кисела Вода не знае кој извршил реконструкција на патот кај Теферич

Kristina Kuzmanovski

Отворил боледување, а одмора во странство – со анонимни пријави ќе се воведува крај на лажните отсуства од работа

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе