Вести Македонија Топ вести

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице, сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

„Првопријавениот С.З., во својство на сопственик и управител на второпријавениот правен субјект, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, го сторил кривичното дело „Даночно затајување“ на начин што, набавената трговска стока, евидентирана како залиха кај второпријавениот правен субјект заклучно со 31.12.2025 година, во вкупна вредност од 26.085.138 денари, неосновано ја присвоил за себе. Притоа не пресметал, не пријавил и не платил данок на додадена вредност (ДДВ) по даночна стапка од 18 проценти во износ од 4.231.907 денари и ДДВ по даночна стапка од 5 проценти во износ од 128.727 денари, како и не пресметал, не пријавил и не платил данок на личен доход по даночна стапка од 11,11 проценти во износ од 2.898.059 денари“, соопшти УФП.

Дополнително, се наведува во дописот на УФП, првопријавениот С.З. не ги признал како приход застарените и ненамирени обврски во вкупен износ од 8.120.980 денари, прикажани во бруто-билансот за 2025 година, иако истите, согласно член 363 од Законот за облигационите односи, застаруваат во рок од три години, а за нив не биле поведени судски постапки за наплата.

„И покрај тоа што бил должен да поднесе даночен биланс за 2025 година и да ја искаже даночната обврска, првопријавениот воопшто не поднел даночен биланс, ниту пресметал, пријавил и платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 812.098 денари. Со наведените дејствија, пријавените не ги пресметале, не ги пријавиле и не ги уплатиле законски утврдените даночни обврски, со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 8.070.791 денари“, се додава во соопштението на Управата на финансиска полиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Sasko Dimovski

Европската Унија постигна договор за 21-от пакет санкции за Русија

Sasko Dimovski

Парични казни за 12 лица, сите полнолетни – полицијата почна со санкции за тротинетџии

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе