Полицијата започна со примена на новите правила за управување на електрични тротинети, а досега се изречени 12 парични казни. Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата стапија во сила на 14 јули.
Најголемата казна од 100 евра е изречена за користење мобилен телефон при управување со тротинет, додека три лица се казнети по 50 евра за возење без заштитен шлем. Девет казни од 80 евра се изречени за движење по површини каде што не е дозволено управување со овие превозни средства.
Од МВР информираат дека досега нема одземени тротинети, а сите казнети лица се полнолетни.
