По кратко боледување на 86- годишна возраст во Белград почина Оливера Катарина, филмска и музичка ѕвезда во поранешна Југославија.
Одигра повеќе улоги на филмското платно, дел од нив во остварувањата „ Гоја“, „ Партизани“, „ Има љубов- нема љубов“, „ Војник“ и други. Но, најпозната беше во улогата на Ленче во филмот „Собирачи на пердуви“ на режисерот Александар Петровиќ, за кој 1967 година освои Гран при на Канскиот филмски фестивал.
Оливера Катарина пееше поп нумери, но и народни и ромски песни. Објави десетици албуми и многу синглови, а најпознати се „Ѓелем, ѓелем“, „ Нишка бања “ и др.
