Вести Македонија

Блупринт групата бара темелна истрага за загадувањето на водата

Блупринт групата за реформи во правосудството побара брза, независна и темелна истрага за загадувањето на водата за пиење во Гостивар, оценувајќи дека случајот укажува на сериозни системски слабости и можно институционално непостапувањe.

Од групата истакнуваат дека е неопходно да се утврди дали надлежните институции навреме знаеле или требало да знаат за ризиците, но не презеле соодветни мерки за заштита на здравјето на граѓанитe.

Според нив, истрагата не смее да се ограничи само на утврдување кој ја поставил незаконската инсталација, туку треба да ги опфати и функционирањето на системот за мониторинг, инспекцискиот надзор, лабораториските анализи, контролата на квалитетот на водата и евентуалната одговорност на сите надлежни службени лицe.

Бараат Основното јавно обвинителство да ја утврди и кривичната и институционалната одговорност доколку се констатираат пропусти. Во реакцијата се посочува и дека граѓаните сè уште немаат доволно информации за времетраењето на ограничувањата, критериумите за нивно укинување и мерките за заштита.

Блупринт групата повикува институциите транспарентно да ја информираат јавноста и да преземат конкретни системски мерки за да се спречат слични случаи во иднина.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Од опозицијата зависи дали ќе има нови обиди за носење на Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Рокас: Владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција

Kristina Kuzmanovski

Во Скопје дувал ураган со брзина од 130 километри на час – најсилен скопски ветер измерен по 36 години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе