Вести Свет

Трамп лут на Канада – ако правилно ги управуваа своите шуми, немаше да има пожари

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување дополнителни царини за Канада поради шумските пожари, тврдејќи дека земјата очигледно не е способна да се справи со проблемот.

„Тие не управуваат правилно со своите шуми. А ветерот има навика да го носи чадот право над Њујорк“, рече Трамп, кој долго време живееше во овој град, пред да стане претседател.

Запрашан за ова прашање за време на средба во Овалната соба со претседателот на Либан, Трамп изјави дека „многу е сериозно тоа што го прават и изгледа дека не можат да направат ништо во врска со тоа“.

„Ако правилно ги управуваа своите шуми, немаше да има пожари“, додаде тој.

Неколкудневното ширење на чадот од канадските шумски пожари кон Соединетите Американски Држави придонесе за влошување на квалитетот на воздухот во градови од Детроит до Вашингтон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ: Уништување или оштетување на јавни инсталации треба да биде појдовна основа во истрагата за Гостивар

Sasko Dimovski

Ветрот откорна дел од покривот на ООУ „Владо Тасевски“ – оштетени возила, над 1.000 повици на бројот 112

Sasko Dimovski

Десетици лица се повредени на протестите во Болоња, откако маж почина додека бил приведуван од полицијата со употреба на физичка сила

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе