Вести Македонија

50 илјади литри дневно питка вода за Гостиварчани

Во меѓувреме, Владата донесе одлука, интервентно да обезбеди по 50 илјади литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар.

Дистрибуцијата на водата ќе се реализира преку Службата за општи и заеднички работи, на седум пунктови низ градот. Дневната дистрибуција ќе трае се додека се на сила мерките и препораките на надлежните институции.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции и информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали, со цел навремено и точно информирање, соопштија од Владата.

Во соопштението се потенцира и дека очекуваат целосно расчистување на случајот, и дека оние што направиле пропусти ќе сносат одговорност согласно законите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Гостивар ја суспендира директорката на „Комуналец“, тој лично не чувствува одговорност за епидемијата

Sasko Dimovski

Мицкоски за состојбата со водата за пиење во Гостивар: Oд градоначалникот, па надолу, сите треба да понесат одговорност

Sasko Dimovski

Сè уште ги чекаме резултатите за водата, штом ги добиеме, ќе ги објавиме, изјави обвинителката Јосифоска за Телма

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе