Вести Македонија Најважни

Гостиварската вода под истрага и на лабораториска анализа- над 1.200 луѓе пријавиле симптоми на труење

Продолжува истрагата на полицијата и обвинителството за масовното труење во Гостивар. Симптоми, повраќање, стомачна тежина и дијареја, пријавиле над 1.200 жители на Гостивар, а пациенти пристигнуваа во болницата и вчера попладне пред камерата на  Телма.

Еден од пациентите изјави за Телма дека три дена имал болки и силно изразени симптоми по што барал лекарска помош.

Првичните сомнежи се дека труењето е од водата од градскиот водовод, а издадена е забрана за пиење. Почнати се лабораториски анализи во ИЈЗ во Скопје и тие треба да завршат во рок од 48 часа по почнувањето на испитувањето.

Од гостиварското јавно претпријатие тврдат дека водата не е причина за масовното труење, но полицијата веќе отвори постапка за кривично дело “Загадување вода за пиење” по член 219 од Кривичниот законик, поради сомнежи дека за да се зголеми притисокот во мрежата директно со пумпи се земала непрочистена вода. Гостиварските надлежни институции негираат и повикуваат на смиреност додека траат анализите.

Со членот 219 предвидени се и затворски казни за загадувачот, доколку истрагата го докаже кривичното дело.

Загадување вода за пиење
Член 219

(1) Тој што со некоја штетна материја ќе ја направи неупотреблива водата за пиење во извори, бунари, цистерни или резервоари или некоја друга вода за пиење, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(2) Ако поради делото од став 1 дошло до појава на епидемија на заразна болест, сторителот ќе се казни со затвор од една година до пет години.

(3) Ако делото од став 1 е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

(4) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Пумпи во корито за отпадни води во Вруток можна причина за над 1.000 гостиварци да завршат во болница

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МОН го објави конкурсот за студентските домови – во реновираниот дом „Стив Наумов“ ќе се плаќа 6600 денари додека во другите 3410 денари

Tea Dimkovska

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе