Вести Македонија

Савески тврди дека „Талир 2“ ќе останел кај Ристоска ако не си дала оставка – таа одговори дека тоа не е точно

Предметот Талир 2 ќе останеше кај обивнителката Ленче Ристоска ако таа не си поднесеше оставка тврди обвинителот Ненад Савески по критиките во јавноста целта на одземањето на предметите Талир била да се одмрзне и спаси имотот на ВМРО ДПМНЕ.

Повлекувањето на овластувањата се однесуваше на постапување на обивнители по предмети од други обивнителства и немаше да влијае врз Талир два вели Савески според кого обивнителството ке ја чекат писмената евентуална жалба на пресуда.

– Како и во секој предмет така и во овој ќе се чека писмената верзија. Целото образложение ќе се анализира и секако тогаш ќе се донесе одлука дали судот го убедил обвинителството со своето образложение или не, изјави обвинителот Савески.

Новинар Телма: Сепак станува збор за ослободителна пресуда, често обвинителството по ослободителна пресуда знае да биде децидно дека ќе ја обжали, бидејки е ослободителна пресуда, а веќе дел од аргументите обвинителот можеше и во судница да ги слушне од судијката повеќе од еден час ги образлагаше.

Савески: Да, меѓутоа јас не сум бил присутен во судница, прашањето ми го поставувате мене јас во овој момент само овој одговор можам да го дадам.Ристоска во тогаш беше надлежен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје. Токму овој предмет, доколку таа не поднесеше оставка, ќе беше во нејзино надлежно постапување. Во овој предмет моето повлекување на овластувањата никако не можеше да се смета дека имало последица да ѝ биде одземен предметот. Доколку останеше, таа ќе работеше на овој предме, вели обвинителот.

Ристоска го демантира Савески – Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2″ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка. Таа објаснува дека како обивнител за врски согласно праивлникот кој се однесува за Европравда можела да постапувам по предмети регистрирани и во надлежност на Канцеларијата за врски, а по исклучок, врз основа на одлука на државниот јавен обвинител, и по предмети по кои претходно сум постапувала. Ова му го предочила и лично на државниот обивнител и дека алко ги повлече овластувањата ке си поднесе оставка

„Предметот „Талир 2″ не е предмет во надлежност на Канцеларијата за врски. Во него постапував токму по тој исклучок, врз основа на одлука на државниот јавен обвинител. Со повлекувањето на тоа овластување отпадна и правниот основ по кој постапував во овој предмет. Оваа информација му беше соопштена на обвинителот Савески лично од мене, на состанок пред да ја поднесам оставката. Лично го известив и дека доколку ги повлече овластувањата по предметите по кои постапувам, ќе следи мојата оставка, а ги објаснив и причините за таквата одлука. Така што, неспорно е дека мојата оставка беше моја одлука, но таа, меѓудругото, беше последица на одземањето на основот да ги работам предметите, вели Ристовска.

Измените на КЗ судијката Даниела Алексовска Стојановска ги посочи како еден од клучните аргументи за тоа што овојпат донесен ослободителната пресуда за разлика од минатиот пат во 2022 година кога пресуди шест години затвор за Груевски.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малолетник не смее да се качи на тротинет- нови законски измени

Kristina Kuzmanovski

Судската независност загрозена од другите државни инстанци

Sasko Dimovski

Пумпи во корито за отпадни води во Вруток можна причина за над 1.000 гостиварци да завршат во болница

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе