Државниот обвинител Ненад Савевски вели дека обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир 2 откако ќе ги видат аргументите во напишаната пресуда.
–Како и во секој предмет така и во овој ќе се чека писмената верзија. Целото образложение ќе се анализира и секако тогаш ќе се донесе одлука дали судот го убедил обвинителството со своето образложение или не.
Новинар Телма: Сепак станува збор за ослободителна пресуда, често обвинителството по ослободителна пресуда знае да биде децидно дека ќе ја обжали, бидејки е ослободителна пресуда, а веќе дел од аргументите обвинителот можеше и во судница да ги слушне од судијката повеќе од еден час ги образлагаше.
Савески: Да, меѓутоа јас не сум бил присутен во судница, прашањето ми го поставувате мене јас во овој момент само овој одговор можам да го дадам.
Судијката Даниела Алексовска Стојановска изрече ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски и ја одби конфискацијата на партискиот имот на ВМРО – ДПМНЕ.
