Вести Македонија

Таткото на Меланија е хоспитализиран во Демир Хисар, се чека судско решение за понатамошниот третман

Таткото на Меланија Цветковска, младата девојка од Куманово која преку видео на социјланите мрежи јавно побара помош поради долгогодишно семејно насилство, е хоспитализиран во Психијатриската болница во Демир Хисар.

Директорката Сузана Џамбазовска вели дека станува збор за принудна хоспитализација, откако лицето вчера беше спроведено од Кумановската болница. Во тек е законската процедура и се очекува судско решение, по што стручнен тим ќе одлучува за понатамошниот третман.

Тој е веќе сместен на одделение и прима терапија. Станува збор за принудна хоспитализација. Ја чекаме судската одлука, бидејќи процедурите се такви,  кога има принудна хоспитализација, мора да се добие судско решение, изјави Џамбазовска.

Џамбазовска рече дека ова е првпат лицето да биде примено во Психијатриската болница во Демир Хисар и демантираше дека претходно било побарано негово згрижување или дека болницата одбила прием.

Младата Меланија Цветковска се заблагодари за поддршката и кажа дека нејзината цел не била да го оцрни својот татко или некоја институција, туку да биде слушната и да му се обезбеди соодветно лекување, за нејзиното семејство конечно да престане да живее во страв.

Меланија во своето видео обраќање, кое вчера предизвика силни реакции во јавноста, кажа дека со години безуспешно барале помош од надлежните институции и дека, и покрај повеќекратните пријави, не било најдено трајно решение за заштита на нејзиното семејство.

Откако јавно ја раскажа својата семејна голгота, случајот доби институционален епилог – нејзиниот татко е  хоспитализиран во Психијатриската болница во Демир Хисар

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дизелот поскапува за 5,5 денари, се зголемува цената и на бензините

Дејан Дејан

Лани државата собрала скоро 80 милиони евра повеќе од данок на личен доход споредено со 2024 година

Kristina Kuzmanovski

Се дигна вредноста на Еуростандард зградата за една година во државни раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе