Вести Македонија Топ вести

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Загрижувачка е состојбата која во континуитет ја бележи Клиниката за токсикологија во однос на случаи со суицидални труења со таблети и корозивни супстанци. Доколку се направи споредба со Шведска каде бројот на обиди за самоубиства со труење со корозиви се 100 случаи во текот на 20 години, во Македонија 100 случаи се во текот на една година. Најмалку 95% од тие труења на Универзитетската клиника за Токсикологија се суицидални вели професор Чибишев.

„Дали ќе успеат во тоа зависи од многу фактори од дозата од тоа колку брзо ќе успеат да го донесат до првата здравствена институција, за да му се пружи стручна помош. Меѓутоа пак потенцирам дека најмногу загрижува тоа што владее еден момент на разочараност или еве ќе кажам и на депресија и луѓето посегнуваат по своите животи. При тоа не бираат средства, при тоа не зборувам за драстични начини на одземање на живот, зборувам за злоупотреба на поголема количнина на лекови или поголема количина на некоја хемикалија или некој отров со што можат да си го загрозат животот“, објаснува проф-д-р Андон Чибишев, Универзитетска клиника за токсикологија.

За надминување на оваа алармантна состојба е потребна соработка помеѓу повеќе надлежни институции и стручни лица социјални работници, токсиколози, психијатри и психолози. Клиниката за токсикологија во континуитет соработува со Клиниката за психијатрија. Загрижубва и возраста на пациентите со суицидални намери.

„Најмногу има труења во најпродуктивниот дел од животот. Од 30 до 50 години. Тука е најголем дел и тука се труењата најсериозни, затоа што тоа се свесни луѓе кои малку повеќе разбираат. Посегаат по животот вистински и бираат онакви средства со кои навистина можат да си го загрозат животот“, изјави проф-д-р Андон Чибишев, Универзитетска клиника за токсикологија.

Доколку имаме предвид дека Клиниката за токсикологија е воедно и Национален центар за труење и центар за информирање мора да има координација. Според Законот за хемикалии, вели професор Чибишев сите труења кои се случуваат на територија на државата мора да бидат најбрзо пријавени во токсиколошкиот информативен центар на Клиниката. Ваквата координација би значела и јасна слика за она што се случува и навремена превенција.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Трифун Костовски: Сивата еминенција и центри на моќ сакаат да ме уништат

Tea Dimkovska

Дали треба да се случи убиство? – Меланија од Куманово бара заштита од семејно насилство

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе