Вести Култура Македонија Топ вести

„Охридско лето“ започнува со настап на светските оперски ѕвезди Ермонела Јахо и Чарлс Кастроново

Сѐ е подготвено за отворањето на 66. „ Охридско лето“, вечерва во Античкиот театар, кој што е целосно распродаден. На отворањето ќе биде изведен гала концертот, под наслов „ Љубов“ , со учество на едни од најголемите светски оперски ѕвезди од Албанија и САД, вели директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски.

  • Организиравме гала оперски концерт, наречен „ Љубов“ , на кој што ќе настапат едни од најголемите светски ѕвезди на оперската сцена на денешницата. Тоа се познатиот сопран Ермонела Јахо и познатиот тенор Чарлс Кастроново. Секако, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет и под диригентската палка на маестро Марко Боеми. Така што, очекуваме навистина спектакуларна вечер исполнета со многу емоции, многу вонвременски музички доживувања. Така што ние сме подготвени, вели Ѓорѓи Цуцковски, директор на фестивалот Охридско лето.

Програмата на ова фестивалско издание вклучува 48 настани, со учество на над 700 истакнати уметници од Европа и светот.Симфонискиот оркестар „ Нингбо“од Кина,  пијанистите Александар Мелников од Русија и Вадим Холоденко од Украина, виолинистот Стефан Миленковиќ од Србија, контратенорот Мајан Лихт од Израел и Загребската филхармонија , се само дел од учесниците во музичката програма. Со промоција на монографија, по повод 100 години од раѓањето на Ана Липша- Тофовиќ , фестивалот ќе и се оддолжи на неговата иницијаторка. Театарската програма вклучува изведби, но и премиери. Претстатавата „ Татко“, во режија на Иван Поповски, а во продукција на „ Театарот на еден актер“ ќе биде изведена веќе утре, а следуваат и „ Кориолан“ на НТ- Битола, во режија на Џон Блондел и „ Буре Барут “ на МНТ , во режија на Дејан Пројковски, со која ќе биде затворено „ Охридско лето“ на 20 август. Ќе бидат прикажани и две балетски претстави, од Србија- „ Кармен свита и Болеро“, а од  Грција-„ Митот за Амазонките“. Цуцковски најавува и новитет на програмата.

  • Како новитет можам да го споменам џез блокот од 4 дена, во времетраење од 13 до 16 август, на кој што ќе настапат едни од најголемите уметници на денешницата, вклучувајќи го и нашиот Македонец , Крсто Роџевски, на 13 август, кажа Цуцковски.

Покрај Античкиот театар, фестивалската програма ќе се одржи во предворјето и внатре во црквата Света Софија, на Долни Сарај и во Центарот за култура „ Григор Прличев“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Трифун Костовски: Сивата еминенција и центри на моќ сакаат да ме уништат

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе