Вести Македонија Топ вести

На плажа во Дојран пронајдена и отстранета артилериска граната од Првата светска војна

Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна беше безбедно отстранета од плажа на брегот на Дојранското Езеро, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.

Станува збор за граната со калибар од 100 милиметри и тежина од 13,6 килограми, која била пронајдена на плажата, а по пријавата интервенирал пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев. Тој успешно ја обезбедил и ја отстранил без опасност за граѓаните и посетителите.

Од Дирекцијата информираат дека гранатата била наменета за хаубица М14 и потекнува од Првата светска војна. Вакви неексплодирани убојни средства и натаму повремено се откриваат во региони кои биле зафатени од воените дејствија, најчесто во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион.

Надлежните апелираат граѓаните доколку забележат сомнителни или неексплодирани убојни средства да не ги допираат, туку веднаш да ги пријават на надлежните служби за да бидат безбедно отстранети.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД повторно го нападна Иран иако беше најавено дека ќе имаат билатерална средба

Tea Dimkovska

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе