Вести Македонија Топ вести

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Откако денес СДСМ го обвини поранешниот премиер Никола Груевски дека ги троши милијардите во Будипмешта, додека државата ги продава неговите станови на Водно, тој се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук.“ Со слика од него во бела дуксерка и долг статус под истата,  демантира дека становите кои се запленети не се во негова сопственост.

„И по којзнае кој пат принуден сум да демантирам дека тие станови никогаш не биле мои станови и дека сето тоа е резултат на еден криминален политички мотивиран судски процес во кој целта и мотивите беа политички и лични, произлезени од стравот и омразата на криминалецот и предавникот на македонските национални интереси Зоран Заев“, пишува во неговата објава на „Фејсбук“.

Тој отфрла и тврди дека обвинителството не докажало дека платил за становите, ниту дека биле во негова сопственост, и дека нема никаква директна ниту пак индиректна поврзаност со нив. За Јордан Камчев пак, смета дека бил неправедно обвинет, а подоцна уценет и притиснат да даде изјава против него.

Груевски во објава го спомна и поранешниот премиер Зоран Заев, за кој тврди дека инвестирал проневерени пари во Дубаи, Таџикистан, Швајцарија, Грција и други држави низ светот, повремено одмарајќи на луксузна јахта, без притоа да не ги чувствува злоделата кои му ги направил на него и на Република Македонија и Македонците.

Државата ги продава становите на Груевски по вртоглави цени, му ги конфискува со „Плацеви на Водно“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Кочанчанец го фатиле со дрога па потоа на дрзок начин преку прозор побегнал од полициската станица

Tea Dimkovska

Пожар на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма – Општината Валандово се сомнева за намерно подметнување

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе