Поранешната конзервативна британска министерка Ен Вајденкомб (78) е пронајдена мртва во својот дом во грофовијата Девон, соопшти полицијата која го истражува случајот како убиство. Според полициски извори, на телото се регистрирани траги од тешки повреди.
Политичката кариера на Вајденкомб траеше со децении. Беше претставничка во изборната единица Мајдстон цели 23 години, пред да се приклучи на партијата „Реформи во Обединетото Кралство“ на Најџел Фараж во 2023 година.
Од 1994 година до 1997 година беше министерка за внатрешни работи, а беше на чело и на министерството за вработување во владата на премиерот Џон Мејџор. По заминување од парламентот се посвети на телевизиска кариера и во 2010 година улествуваше во британската верзија на „Танц со ѕвездите“. Во 2018 година, пак, беше дел и од ријалити шоуто „Celebrity Big Brother“.
Вајденкомб беше цврста заговорничка на излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.
