Вести Македонија Топ вести

Прирачниците против врсничко насилство на „Макпетрол“ достапни на вебсајтот на „Крени глас“

Прирачниците кои имаат за цел да помогнат при препознавањето и справувањето со врсничкото насилство, изработени во рамки на кампањата на „Макпетрол“ – „Крени глас – Стоп за булинг“, се поставени и достапни онлајн на интернет-страницата на Министерството за образование и наука, како и на платформата kreniglas.mk. На овој начин, материјалите ќе бидат достапни не само во училиштата, туку и за родителите, учениците, стручната јавност и за сите граѓани што сакаат подобро да го разберат и препознаат проблемот со булингот.

 

Во соработка со Министерството за образование и наука, сите прирачници веќе се дистрибуирани до основните училишта низ земјата. Материјалот е достапен на македонски, албански, турски, српски и на босански јазик, а е подготвен од психологот Деспина Стојановска, врз основа на директна работа со учениците во рамки на едукативните работилници од кампањата.


– Со тоа што прирачниците ќе бидат достапни и онлајн, сакаме оваа содржина да стигне до што повеќе луѓе. Врсничкото насилство не е тема што ги засега само училиштата, туку и семејствата и целата заедница. Затоа е важно практичните насоки, искуствата од терен и стручната поддршка да бидат лесно достапни за секој што има потреба од нив – велат од компанијата.

Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ изминативе две години значително го зголеми интересот на јавноста за овој сериозен проблем. Во повеќе од 150 основни училишта во 26 општини беа одржани 620 работилници, на кои присуствуваа над 18.000 ученици. Дополнително, беа организирани и 17 работилници за родители, со повеќе од 3.000 учесници, два големи отворени настани, а беа испечатени и доставени едукативни материјали во над 10.000 примероци. Интернет-страницата kreniglas.mk и натаму функционира како платформа што содржи информации за подобро разбирање на проблемот со булингот.

Општествената одговорност, со особен фокус на децата и на младите генерации, останува една од најзначајните стратешки определби на „Макпетрол“. Преку вакви долгорочни активности, компанијата продолжува да поддржува теми што се важни за секојдневието на учениците со цел да придонесе кон градење средина која што за младите ќе биде безбедна и која што ќе создаде простор позитивно да се развиваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција активира план за вонредни ситуации поради ектремните температури

Sasko Dimovski

Забрана да контактираат меѓу себе и со жртвата – Обвинителството бара мерки за малолетниците кои извршија грубо насилство врз девојче и го снимаа

Дејан Дејан

Патник од Србија за малку ќе излеташе низ прозорецот среде лет со авион на Рајанер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе