Мјуз имиџ, новата алатка за генерирање слики со вештачка интелигенција на „Мета“, предизвика паника и загриженост кај експертите за приватност, бидејќи по автоматски поставки може да користи фотографии од јавни профили на Инстаграм како основа за создавање на нови фотографии, пишува „Гардијан“.
Според новините во алатката корисниците можат да означуваат јавни профили на Инстаграм и да генерираат фотографии што ги користат лицата прикажани на објавените фотографии. А сопствениците на профилите не добиваат известување дека нивните фотографии се искористени во процесот.
–Приватните профили и профилите на корисници помлади од 18 години автоматски се исклучени. Возрасните корисници со јавни профили можат лесно да ја исклучат оваа можност преку поставките, соопшти Мета.
За да се заштитат сега единствена опција е како што советува Мета за оние што сакаат профилот да им остане јавен во поставките на Инстаграм, во делот „Споделување и повторна употреба“, да ја исклучат опцијата што дозволува нивната содржина да се користи повторно.
