Вести Македонија Топ вести

Осомничена од УЈП пуштена од притвор, а во случајот со штета од 4,8 милиони евра се гонат и нејзиниот сопруг и син

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се жали на пуштањето од притвор на една од осомничените во истрагата во која се опфатени вработени во УЈП дека причиниле штета на буџетот од 4,8 милиони евра.

Кривичниот суд го укинал притворот на осомничената Елисавета Маркова и е определена гаранција од хипотека на недвижен имот од околу 480 илајди евра и мерки на претпазливост.

Според обвинителството, определените мерки се неспроведливи имајќи ги предвид семејните односи меѓу обвинетите, а и понатаму постои реална опасност од бегство која не може да се обезбеди со гаранција.

Освен Маркова, во случајот се гонат и нејзиниот сопруг и син. Обвинителството смета и дека понудената гаранција не е соодветна, а Кривичниот совет воопшто не се произнел по основот за притвор поради опасност од повторување на кривичното дело.  Во истрагата се опфатени околу 20 лица за кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба.

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинение за екс директорот на земјоделскиот инспекторат Васе Анакиев за примање мито

Sonja Petrusevska

(Фотогалерија) Скопје под вода: Пороен дожд, поплавени улици и сообраќај во колапс

Tea Dimkovska

Секој ден во државата никнуваат по две нови диговрадби и тоа во зони со високоактивно сеизмичко подрачје

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе