Базенот во Тетово, кој со години се градеше и двапати беше пуштан во употреба, денес е во центарот на дебата за полова сегрегација. Иако во летниот период треба да биде отворен за сите граѓани, Општината воведе термини во кои базенот можат да го користат исклучиво жени и девојки, додека на мажите им е забранет влезот. Дали станува збор за оправдан одговор на барањата на дел од граѓанките или за опасен преседан што отвора поделби во јавен простор изграден со пари на сите граѓани?
АНКЕТА: Дали воведувањето термини само за жени на јавен базен е:
А) Оправдана одлука
Б) Избрзан, погрешен чекор
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
