Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се жали на пуштањето од притвор на една од осомничените во истрагата во која се опфатени вработени во УЈП дека причиниле штета на буџетот од 4,8 милиони евра.
Кривичниот суд го укинал притворот на осомничената Елисавета Маркова и е определена гаранција од хипотека на недвижен имот од околу 480 илајди евра и мерки на претпазливост.
Според обвинителството, определените мерки се неспроведливи имајќи ги предвид семејните односи меѓу обвинетите, а и понатаму постои реална опасност од бегство која не може да се обезбеди со гаранција.
Освен Маркова, во случајот се гонат и нејзиниот сопруг и син. Обвинителството смета и дека понудената гаранција не е соодветна, а Кривичниот совет воопшто не се произнел по основот за притвор поради опасност од повторување на кривичното дело. Во истрагата се опфатени околу 20 лица за кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба.
