Вести Свет Топ вести

Нетанјаху нареди целосно уништување на инфраструктурата на Хезболах

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наложи на армијата да ја уништи инфраструктурата на  Хезболах, поддржана од Иран, во јужен Либан, наведе синоќа владината прес-служба.

-Ова е наредбата: не оставајте ништо зад себе, а вие го правите тоа, рече Нетанјаху.

 

Дополнително, војниците треба веднаш да дејствуваат ако идентификуваат закана за нивните животи, рече Нетанјаху. Тој, исто така, ја отфрли можноста за повлекување на армијата од граничната област сè додека Хезболах не биде целосно разоружан и повеќе не претставува закана за Израел.

 

Нетанјаху го опиша Хезболах како најважната врска во оската на сојузниците на Иран. Според него, околу осум отсто се останати од тоа што некогаш биле 150.000 ракети и проектили. Тој, исто така, рече дека Израел убил околу 9.000 „терористи“ во Либан. Најважната мерка била да се создадат тампон и безбедносни зони помеѓу Хезболах и северен Израел.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран, САД и Либан ќе формираат „заеднички комитет“

Kristina Kuzmanovski

ДЗС: Во 2025 година 911 бесправно изградени објкети

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Венецуела: Три годишно дете спасено шест дена по земјотресот

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе