Шлаканци, влечење за коса, навреди и понижување. На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од врсничко насилство во скопски Аеродром. Видеото е заматено, но од разговорот може да се забележи дека жртва е девојче кое му се извинува на колена на друго девојче. Додека добива шлаканици, насобрната група момчиња и девојчиња довикуваат, бодрат и снимаат.
Граѓаните на социјалните мрежи револтирано реагираат и бараат надлежните итно да постапат. Од МВР велат дека разговарале со девојчето жртва а ги повикуваат и другите инволвирани.
СВР Скопје презема мерки по допрен глас за утврдување на идентитетот на лицата и за целосно расчистување на случајот. Се повикуваат сите осомничени во врска со предметниот настан, а веќе е извршен разговор со жртвата во присуство на родител и известен е јавен обвинител.
Според надлежните врсничкото насилство расте. Од почетокот на годинава регистрирани 93 инциденти меѓу ученици во 64 училишта. Но насилството меѓу младите има и надвор од училиштата . Еден од последните вознемирувачки слуачи беше оној во Ѓорче Петров кога 13 годишно девојче беше брутално малтретирана од 4 други малолетнички. Тие добија криивчни пријави за насилство а родителите пријави за запуштање и малтретирање дете.
Според информациите од Обвинителството за родителите се уште трае истрагата а за децата е во фаза на судење кое се води согласно законот за правда на децата.
Елена Ивановска
