Вести Македонија Топ вести

Истрагата за шверц на пет тони марихуана е во рацете на обвинителството, децидни Дачиќ и Тошковски

Министрите за внатрешни работи на Србија и Македонија, Ивица Дачиќ и Панче Тошковски со ист одговор за случајот со шверцот на пет тони марихуана кои потекнуваа од легалните плантажи за одгледување на медицински канабис.

Според нив, министерствата си ја завршиле својата работа, а обвинителството е надлежно за истрагата која трае околу 5 месеци, а беа уапсени неколку лица и во Македонија и во Србија.

Главниот организатор на групата Александар Мијајловиќ за кого е распишана меѓународна потерница се уште е во бегство.

„Кога полицијата заврши одредена работа ние таа работа ја предаваме на Обвинителството и Обвинителството ја води таа истрага. Така што јас не можам да кажам ништо повеќе од тоа. Мислам дека тоа е еден голем успех кој го постигнавме. Се трагаше за тој главен осомничен и организатор, но тоа се е во рацете на обвинителството и не би можел сега да давам некои такви тајни информации“, кажа Александар Дачиќ, министер за внатрешни работи на Србија.

„Мислам дека треба да го оставиме обвинителството да си ја сработи работата во надлежноста која што ја има согласно закон. Претпоставувам знаете дека Министерството за внатрешни работи за дел од групата поднесе кривична пријава. Дел од учесниците во рамки на оној кривично-правен настан се обезбедени, лишени од слобода и за нив се определени најстроги мерки“, изјава Панче Тошковски, министер за внатрешни работи на Македонија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија се празни: Повеќе починати отколку родени додека бројот на разводи се зголемува

Tea Dimkovska

Осомничена од УЈП пуштена од притвор, а во случајот со штета од 4,8 милиони евра се гонат и нејзиниот сопруг и син

Sonja Petrusevska

Обвинение за екс директорот на земјоделскиот инспекторат Васе Анакиев за примање мито

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе